АЛФА ТВ - НОВ КВАЛИТЕТ И СВЕЖИНА ВО ЕТЕРОТ!

Алфа ТВ започна да емитува редовна програма на трети јуни 2008 година.

Телевизијата е од конвенционален карактер со информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма.

Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција.

Генерален директор е Љубомир Николовски, кој во исто време ја врши и доложноста програмски директор.

Да се подигне нивото на телевизиското новинарство

За да остѕварува квалитетна програма како еден од врвните приоритети на телевизијата, менаџментот на Алфа ТВ постојано се грижи за квалитетот на новинарите и техничк-креативниот кадорвски потенцијал на телевизијата.

Со ова Алфа може да се вброи во една од ретките приватни телевизии во Македонија која сериозно се позанимавала со инвестирање во знаењата и вештините на својот новинарски кадар, како основен предуслов за квалитетот на вестите и останатата програма.

Техника од која “боли глава”

Голем дел од инвестицијата е вложена токму во најмодерна дигитална опрема. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Алфа ТВ емитува сигнал со драстично подобар квалитет од сигналите на останатите македонски телевизии

Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери.

Студијата се климатизирани, а ги задоволуваат стандардите од акустички аспект и од аспект на соодветна висина која е потребна за да се намести добро светло. Направени се по евровизиски стандарди.

Алфа ТВ - Интегрираните редакции и интегрираните медиумски платофрми

Нашата стратешка определба од денеска е да одиме таму каде што е публиката и да ги разбереме нивните нови навики. Соодветно на тие нови навики да им понудиме содржини.

Една интегрирана редакција – повеќе канали за комуникација на содржините.

Дојде време да се разбере дека веб изданијата и социјалните мрежи не се само приврзок на главниот медиум. Сега настапува интеграција која од телевизијата Алфа, од интернет страницата www.alfa.mk, како и од медиумските платформи:

http://www.facebook.com/AlfaTV.mk
https://twitter.com/AlfaTelevizija
http://www.youtube.com/alfatvvideo

Сите овие работи ќе ни помогнат да направиме еден супер медиум.