Балкан

Ципрас поднесе оставка следат избори на 20-ти септември

Грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и најави предвремени избори на 20-ти септември. Во телевизиско обраќање Ципрас рече дека има чиста совест и побара од гласачите чист мандат.

20.08.2015 21:22:12
 Грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и најави предвремени избори на 20-ти септември. Во телевизиско обраќање Ципрас рече дека има чиста совест и побара од гласачите чист мандат. Ципрас претходно одржа средба со висои владини претставници и министри за тоа дали да распише предвремени избори за да ги смири немирите во редовите на СИРИЗА. 

Предвремените избори во Грција би можеле да доведат до поголема поддршка на третиот пакет помош на еврозоната во Грција, велат проценките на ЕК.