Македонија

Тероризмот се посериозна закана во светот – Македонија подготвена

Тероризмот е се посериозна закана речиси за сите држави во светот. Македонија е подготвена, сметаат домашните безбедносни експерти според кои сепак најголема потенцијална опасност може да дојде од бранот мигранти меѓу кои најверојатно има инфилтриран

05.08.2015 18:21:58
 Имајќи ги предвид заканите од терористички напади на глобално ниво и Македонија претставува потенцијална мета.Безбедносниот систем функционира и нашата држава може да се справи со вакви напади, но тој мора да се надградува со оглед на се пософистицираните начини на делување на терористите, вели универзитетскиот професор и поранешен разузнувач, Златко Кецкоски. Според него потенцијалната опасност за Македонија лежи во бегалскиот бран, големиот број мигранти и вахабистичките келии.

Неодамнешните настани во Куманово како што вели Кецкоски покажаа дека на наше тло делуваат структури со воено искуство во ИСИС.

И премиерот Груевски смета дека мигрантска криза е само почеток на еден вид нова голема преселба на народите, која допрва ќе добие замав. Заканите од тероризам според него демнат над цела Европа.

"Заканите од тероризмот демнат над нас, како и над цела Европа. Радикалните групации отворено се закануваат, а повремено и дејствуваат. Мораме да ги јакнеме нашите капацитети во справувањето со нив, и мораме да се справуваме со нив. Неодамнешните настани во Куманово, и повремените фрлања бомби или гранати, се само потсетник дека ваквиот вид закани не е само некаде далеку од нас, во Франција, или во Белгија, во Норвешка или во Америка, во Ирак или во Сирија. Тие може да дојдат ивоншата улица, пред нашиот влез на зграда или куќа и да ги загрозат нашите животи и животите на нашите блиски. Не смееме да останеме пасивни на овие движења и мораме колку што е можно превентивно и активно да делуваме", смета Груевски.

Зајанкнувањето на одбранбените и безбедносните сили е нужно бидејки кога доаѓаат заканите, тие се на браникот на одбраната, рече тој.

Градимир Марковски

 

Na vreme

Од: Prijatelot

Време: 06.08.2015 15:53:44

Коментар: Ovaa rabota e seriozna==samo izlas e =vo samoodbrabena smisla=Chisti do koren.. Nikako -ne treba priveduvanje ili sudenje...