Економија

Ципрас ќе преговара со европските партнери

Ципрас седна на маса со европските челници. Грчкиот премиер на средбата со првиот европарламентарец и дел од министрите за финансии им соопшти дека во нив бара партнери за преговори за отпишување на грчиот долг од 316 милијарди евра кој зафаќа 170% о

30.01.2015 18:28:01
 Ципрас седна на маса со европските челници. Грчкиот премиер на средбата со првиот европарламентарец и дел од министрите за финансии им соопшти дека во нив бара партнери за преговори за отпишување на грчиот долг од 316 милијарди евра кој зафаќа 170% од брутодомашниот производ.

„ Владата за социјален спас која беше избрана со гласови од грчкиот народ се наоѓа пред една исклучително тешка задача – враќање на престижниот интернационален статус на државата, враќање на достоинството, транспарентноста, демократските институции и враќање на чувството за фер игра на грчкиот народ. Наш приоритет е, исто така, и отпочнување на преговори без препреки во потрага по фер, прифатливо и заеднички корисно решение за земјата да може да излезе од кругот на задолженоста и рецесијата“  - рече Ципрас.

Европските партнери со претпазливи изјави. Подготвени се да ги расчистат недоразбирањата и да дојдат до заеднички прифатливо решение и за двете страни.

„Тие размислуваат да достават предлози, не планираат да дејствуваат самостојно и настојуваат за овие предлози да с едискутира, за во еден партнерски процес да се дојде до решение“ - вели Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент.

Во меѓувреме најави за помош на Грција доаѓаат од Русија. Иако и оваа држава се наоѓа во незавидна финансиска состојба, рускиот министер за финансии соопшти дека иако се уште до Москва не стигнало официјално барање за помош, ВладаТА АРАЗМИСЛУВА како може финансиски да и помогне на Грција. Ако Европа реши да и го прости или да и го намали долгот на Грција најоштетени се чини ќе бидат Германците. Организација „Отворена Европа“ пресметала дека секој Грк му должи по 700 евра на секој Германец. 

„ Солидарност, да, но структурните реформи мора да продолжат. Грцција беше на добар реформски пат во правец на обезбедување на економски развој. Не мислам дека е во интерес на новата грчка Влада тоа да биде уништено“ - рече Франц-Јозеф Јунг од Христијанско-демократска унија на Германија.

По најавите дека Ципрас е решен да ја стопира приватизацијата на државните компании и фирмите-ќерки во странство со доминантен или делумен државен капитал стигнаа и првите реакции од земјава. Од рафинеријата ОКТА за АЛФА велат дека нема да ги коментираат случувањата на ниво на групацијата Хеленик Петролеум која е нивен доминантен сопственик, но дека евентуалната приватизација нема да влијае врз реализацијата на нивните активности во Македонија.

Од Стопанска банка, која е член на групацијата на Националната банка на Грција сметаат дека се уште е рано за коментар. 

Инаку освен најавата за стопирање на приватизацијата на најголемото грчко пристаниште Пиреја, денеска министерот за енергетика Панајотис Лафзанис соопшти дека Владата ќе ја замрзне и продажбата на државната гасна компанија ДЕПА. 

Тања Попова