Македонија

Американска фирма вложува 175 милиони долари во развој на рудникот Иловица

Канадската компнанија "Еuromax" со американската "Royal Gold" ќе вложат 175 милиони долари во развој на рудникот Иловица, кој треба да почне со работа во 2017. и се очекува да отвори 400 работни места.

21.10.2014 17:39:27
Македонското непроценето богатство кое лежи под земја почнува да се искористува. Американската компанија Royal Gold, Inc („Royal Gold“) вложува 175 милиони долари, во преоктот на "Еuromax" ресурсес за развој на рудникот за бакар и злато Иловица. 
Исплатата на парите според Договорот за откуп на произведено злато ќе се реализира во три транши. Првата во износ од 7,5 милиони долари, ќе биде исплатена за 3 месеци од денот на потпишување на договорот. Втората транша од 7.5 милиони долари ќе биде исплатена една година од денот на потпишување и третата од 160 милиони долари ќе се реализира до капитализирање на проектот.

Првите две транши од Договорот ќе се искористат за продолжување на развојот на Проектот, а третата транша треба да се користи за финансирање на сите капитални расходи.
 
Steve Sharpe, Претседател и Главен извршен директор на "Еuromax", изјави: 
- Одушевени сме што можеме да ги вклучиме Royal Gold како долгорочни партнери во Иловица. Ние веруваме дека нивната вклученост, која следи по опсежната техничка, еколошка и правна длабинска анализа, е силна поддршка за проектот Иловица.
 
Проектот за развој на рудникот за бакар и злато Иловица е грин филд инвестиција која треба да стартува со експолатација на бакар и злато во 2017 година. Целокупната инвестиција е вредна 500 милиони долари, а во рудникот ќе се отворат над 400 нови работни места.
 
Во предфизибилити студијата за локалитетот Иловица се утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според преценките, има присуство на 70 тони злато и 410.000 тони бакар. Според количеството што го поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години, а со работа треба да почне во 2017 година. 
 
Инаку, "Еuromax" е канадска компанија за истражување и развој на рудници која поседува рудници за злато во Македонија, Србија и Бугарија, фокусирана на развивање минерални суровини во Југоисточна Европа.

Борис Грујоски