Македонија

Фирмите на Заеви добивале милионски суми од општина Струмица

Милионски суми,а не околу двесте илјади денари им биле исплатени на фимри на блиски роднини на лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев на тендери кои од 2009 година ги распишала општината. Документите кои изминатите неколку месеци се појавија во јавноста говорат дека фирмите на семејството Заеви добивале јавни набавки со многу повисоки суми од оние кои градоначалникот ги спомена во интервјуто на МТВ.

25.12.2013 17:46:11
Милионски суми,а не околу двесте илјади денари им биле исплатени на фимри на блиски роднини на лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев на тендери кои од 2009 година ги распишала општината. Документите кои изминатите неколку месеци се појавија во јавноста говорат дека  фирмите на семејството Заеви добивале јавни набавки со многу повисоки суми од оние кои градоначалникот ги спомена во интервјуто на МТВ. Тој на прашањето дали е етички и политички морално, негови блиски роднини да добиваат тендерите во општина Струмица, одговори дека се работи законски и дека овие јавни набавки се околу 200 000 денари.

Сепак јавно достапните документи го говорат спротивното. Фирмата ”Зови Промет” на таткото на Заев, Панче Заев, во 2009 година добила тендер во вредност од 5.350.000 денари, а во 2011 година два тендери во вкупна вредност од околу 15 милиони денари. И на фирмите “АД Пелагонија” и “ИГМ Еленица”, каде фигурира братучедот на струмичкиот градоначалник, Трајче Заев добиле милионски суми. “Пелагонија” во 2008 година има добиено тендер во вредност од речиси 3 милиони денари, а во 2012 безмалку 2 милиони. На “ИГМ Еленица”, во 2008 и 2009 и биле доделени два тендери со вкупна вредност од околу 2 милиони денари. Според податоците од документите до кои може да се дојде вкупната вредност на средствата кои само овие фирми во сопственост на семејството Заеви ги добиле од општината изминативе пет години е околу 60 милиони денари.

 Недоследност во она што Заев го говореше во интервјуто се појави и околу податоците за неговата и имотна состојба на сопругата. Имено, првиот опозиционер рече дека имотот е со вредност од 60 до 80 илјади евра, а податоците доставени во Антикорупциската комисија велат дека вредноста е десет пати поголема, или дека Заев и сопругата поседуваат имот вреден околу 700 000 евра. Дел од оценките во јавноста беа дека Заев на скандалозен начин се претставил како човек од средна класа со капитал во вредност од близу еден милион евра.

Градимир Марковски