Македонија

Ако имаше попис,процентот на Албанците во Скопје ќе паднеше под 20 отсто

Пописот во 2011 година пропадна поради тенденцијата процентот на Албанците во Скопје да падне под 20 проценти,вели поранешниот потпретседател на Државната пописна комисија Абдулменаф Беџети.

01.06.2013 19:20:02
 Пописот во 2011 година пропадна поради тенденцијата процентот на Албанците во Скопје да падне под 20 проценти,вели поранешниот потпретседател на Државната пописна комисија Абдулменаф Беџети. Според него, 150 000 – 200 000 Албанци кои се на привремена работа во странство немало да бидат попишани. Беџети вели дека условот некој да биде попишан, еднаш годишно да допатува во Македонија, е пропишан во старa методологија.

"Едната страна инсистираше да ги попишува, а другата не сакаше. Деветтиот ден некои пописни кругови попишуваа  2-3 % од населението. Се бараше само тие што се во моментот во македонија да се попишуваат. Тоа е стара методологија", вели Беџети.

Околу шпекулациите дека екс вториот човек на пописната комисија излегол со тврдење дека Албанците во Македонија во 2020 ќе се изедначат по бројност со Македонците, а во 2025 ќе бидат побројни, Беџети вели дека неговата изјава е извадена од контекст.

"Се работи за тврдења произлезени од студија од 1997-1998 година. Работите се сменети. Покажуваат дека тенденциите не се такви да го исполнат тоа предвидување. Тоа било направено на емпириски податоци од минатото. Сепак, во некои општини прирастот кај Албанците во некои општини е поголем од кај Македонците. Во секој случај интензитетот е намален кај Албанците во однос на Македонците", смета поранешниот потпретседател на ДПК.

Пописот во 2011 пропадна по оставките во неколкуте состави на ДПК откако не беше договорена методологијата според која треба да се спроведе најсложената статистичка операција.

Градимир Марковски