Спорт

Шарапова против Вилијамс во мадридското финале

Марија Шарапова е втората финалиста на ВТА турнирот во Мадрид. Таа во полуфиналето беше подобра од Ана Ивановиќ.

11.05.2013 16:05:13
Шарапова место во финалето обезбеди по победата со 2:0 по сетови 6:4 и 6:3 во меч што траеше 78 минути.

Финалниот дуел ќе се одигра утре, а соочувањето меѓу Шарапова и Вилијамс е директен двобој за освојување на првото место на ВТА листата.

Доколку руската тенисерка успее да триумфира тогаш таа од понеделник ќе биде новиот лидер на ВТА листата.

Ексклузивно

Завршницата на ЕП во ракомет на Алфа

Викендов на програмата на Алфа ќе можете да ја следите завршницата на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Унгарија и Хрватска.

повеќе