Македонија

Нема гласање со пасош без адреса во Македонија

,,Нема гласање со биометрски пасоши во кои не фигурира адреса на живеење во Македонија,, - Државната изборна комисија едногласно донесе одлука избирачките одбори да не дозволат лица со вакви патни исправи да глаасат во местата каде ќе има втор круг или каде ќе се прегласува. Постапката беше иницирана откако Општинската изборна комисија во Ресен побара упатства по случаите на гласање на Македонци од Пустец со македонски пасоши, но со впишани адреси во Албанија.

02.04.2013 18:27:38

,,Мојот став е дека не може да се дозволи да глсаат лица кои имаат валидни патни биометриски исправи издадени од Република Македонија, но во кои не стои адреса на живеење во земјава,, - изјави претседателот на ДИК Кондарко.

,,Мислам дека треба доследно да го спроведеме законот, а не своеволно да го толкуваме,, - речи Виолета Дума – член на ДИК.

,,Ако мене ме прашувате тие лица не можат да гласаат,, - изјави Субхи Јакупи потпретседателот на ДИК.

Претходно по жестока расправа беше усвоен предлогот за разрешување на Општинската изборна комисија во Чаир и членовите на 13-те избирачки одбори поради утврдените недоследности во сумирањето на резултатите.

,,Треба да се разрешат овие членови врз основа на тоа што имаме записници со преиначени резултати,, - рече Бедредин Ибраими членот на ДИК.
 
,,Врз основа Вие тоа го толкувате, врз основа на што обвинувате некого,, - рече Јакупи.

В недела втор круг избори за градоначалници ќе се одржат во 29 општини и во градот Скопје.   

Владимир Мирчески

Од: Makedonec

Време: 02.04.2013 19:22:41

Коментар: Makedonec od vtor red, ha,ha,ha

Од: dane

Време: 02.04.2013 18:01:54

Коментар: istoto da vazi i za albancite so ziveat stranstvo a za glasanje idat ovde

Ексклузивно

Ракометната ЛШ ексклузивно на Алфа

Македонија и оваа сезона ќе има три претставника во Лигата на шампионите. Металург и Вардар повторно се дел од елитното натпреварување во машка, а ЖРК Вардар СЦБТ во женска конкуренција. Новата сезона во Лигата на шампионите можете да ја следите екск

повеќе