Македонија

Десетина приведени на вчерашните протести пред Собранието

Дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел

14.06.2018 12:41:24
 Десетина приведени по вчерашнте протести пред Собранието поради Договорот со Грција за промена на името и уставот на државата. 

Според соопштението од МВР, за време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален). Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.