Македонија

Ладен туш од Ципрас за Заев: Не признаваме македонска нација, никогаш нема да ги нарекуваме Македонци

Алексис Ципрас синоќа во интервју за државната грчка телевизија ЕРТ изјави дека македонска нација не признаваат и никогаш нема да нè нарекуваат Македонци.

14.06.2018 12:10:03
 
Наспроти тврдењата на македонскиот премиер Зоран Заев дека со договорот со Грција за промена на името се бетонира македонската нација и јазик, неговиот грчки колега Алексис Ципрас синоќа во интервју за државната грчка телевизија ЕРТ изјави дека македонска нација не признаваат и никогаш нема да нè нарекуваат Македонци.

-Не признаваме македонска нација…никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, ние секогаш ќе ги нарекуваме Славјаномакедонци, изјави Ципрас во дебатата.

Според него соседниот народ само се нашол на територијата на поширока Македонија но дека тој нема никаква врска со грчката историја и хеленската култура и тоа во договорот е мноју јасно прецизирано.
 

Laden tush od cipras do Zaev::Ne oriznavame makedonska nacija,nikogash nema da gi narekuvame makedonci

Од: Hristo Neshkovski

Време: 14.06.2018 13:36:06

Коментар: Zaeve,Zaeve te fatija pak vo laga,do koga so lagi!?Blagodaram.