Спорт

Лопетеги доби отказ, Јеро селектор на Шпанија

На само еден ден пред почетокот на Светското првенство, а по објавувањето на веста дека Јулен Лопетеги ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, шпанскиот селектор доби отказ.

13.06.2018 21:42:13

"Репрезентацијата им припаѓа на сите Шпанци, ова е одлука што моравме да ја донесеме пред се поради почитување на одредени вредности. Сакаме да му се заблагодариме на Јулен за се што постигна и тој е главната причина поради која ние се пласиравме во Русија, но за жал моравме да ја прекинеме соработката", изјави првиот човек на Фудбалска федерација на Шпанија, Луис Рубиалес.

Селекторската функција ќе ја презема досегашниот спортски директор и легенда на шпанскиот фудбал, Фернандо Јеро. Педесет годишниот Јеро нема некое поголемо тренерско искуство. Во сезоната 2016/2017 беше тренер на Овиедо, а претходно во 2014-тата му беше помошник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид.