Балкан

Атина се подготвува за протести, Каменос најавува напуштање на колацијата

Во исчекување на финализирање на договорот за решавање на прашањето за името, во Атина врие.

13.06.2018 17:29:44
Во исчекување на финализирање на договорот за решавање на прашањето за името, во Атина врие. Грчките граѓани, дел од владата и опозицијата и натаму остануваат на мислењето дека не треба да има Македонија во името на нивниот северен сосед.

Повеќето опозициски партии ја критикуваа тактиката на Ципрас, вклучувајќи го и неговиот коалициски партнер, „Независни Грци“. Министерот за одбрана на Грција Панос Каменос пак најави можно повлекување од бладината коалиција:

- Нашата позиција е јасна, а тоа е дека ние не се согласуваме и нема да гласаме за никаков договор кој го вклучува името Македонија. Ова одлука постои од создавањето на партијата. За таа одлука не може да се преговара“ - изјави Панос Каменос.

Како што пренесуваат грчките медиуми, грчкиот министер за одбрана, би требало да се повлече денес, односно да ја раскине коалицијата со премиерот Ципрас поради незадоволството од постигнатиот договор со нашата земја.
Доколку се повлече за да го казни Ципрас  од министерското место, но и од неговата влада тоа дефинитивно ќе ја забави ратификацијата на постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина. Двете земји брзаат да се договорат пред самитот на ЕУ кон крајот на јуни и самитот на НАТО закажан за средината на јули.

И лидерот грчката опозициска Неа демократиа, Кирјакос Мицотакис, денеска побара од претседателот на државата, Прокопис Павлопулос, да интервенира за договорот за името да се расправа во парламентот пред да биде потпишан. Тој  уште синоќа рече дека договорот е лош, а денеска пред шефот на државата повторил дека актуелната грчка влада нема политички легитимитет да го потпише.

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас пак преку социјалните мрежи истакна дека договорот не е само лош, туку е непотребен и понижувачки компромис.

Во меѓувреме информативни емисии на грчките телевизии, на порталите, во весниците, новинарите во Грција го анализираат договорот, што доби а што загуби едната или другата страна, но и кои се придобивките од затворањето на спорот со името. Еве и дел од нив:

Елефтерос типоc
- „Национален пораз за малку ветувања“ е централниот наслов на денешното издание на весникот „Елефтерос типос“ со коментар дека „Ципрас триумфира за давање на македонски идентитет и јазик“.

Катимерини
- „Договор со празнини и облаци“ е насловот на текстот на насловната страница на весникот „Катимерини“.

Та неа
- Под централен наслов „Направивме компромис со Северна Македонија“, весникот „Та неа“ на насловната страница накусо опишува што прифатила Грција, а што сме прифатиле ние.

И натаму медиумите во Грција коментираат дека во текот на викендот, договорот ќе биде потпишан во Преспа (на грчка територија) , но пред Ципрас и Коѕијас да стигнат до таму,најверојатно ги очекува расправа во грчкиот парламент, закажана за во петок за постигнатиот договор за името.



Соња Маневска