Култура

Летен саем на книгата

Летен саем на книгата од денеска до 13 јуни ќе се одржи во Скопје. Саемот е во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и Скопје сити мол.

08.06.2018 11:23:11
Летен саем на книгата од денеска до 13 јуни ќе се одржи во Скопје. Саемот е во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и Скопје сити мол, каде посетителите наредните шест дена ќе имаат можност да си изберат книги за релаксирано, летно читање од неколку реномирани издавачи. Станува збор за изданија на: Просветно дело, Детска радост,  Магор, Бата прес, Матица, Венеција Штип, Икона, Нампрес и Логос А.
 
Според организторите, изданијата ќе бидат со атрактивни саемски цени, а ќе има избор за сите читателски вкусови и возрасти. 
 
Во рамките на Саемот ќе има детско катче со работилници, а за љубителите на пишаниот збор ќе биде организирано потпишување примероци, гостувања на поети... 
 
Од Здружението на издавачи најавија уште неколку Летни саеми со цел да им се приближат книгите на читателите и во другите градови.