Култура

УКИМ ќе ги награди најдобрите дипломирани во 2016/2017

„Св. Кирил и Методиј“ ќе им додели награди и пофалници на најдобро дипломираните студенти во учебната 2016/2017 година и наградата „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2017/2018 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметн

08.06.2018 10:31:41

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе им додели награди и пофалници на најдобро дипломираните студенти во учебната 2016/2017 година и наградата „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2017/2018 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите.

- Почитувајќи ја речиси седумдецениската традиција, со овој свечен чин Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им оддава должно признание на најдобро дипломираните студенти на нашиот Универзитет за нивните успеси постигнати во текот на студирањето, соопшти УКИМ.