Македонија

Филозофи, историчари и правници на иста линија за пропустите на Заевата Влада во понуденото „Република Илинденска Македонија“

Влегува ли спорот со името во завршница или пак оптимистичките најави за конкретно поместување се и премногу оптимистички.

25.05.2018 18:28:15
Влегува ли спорот со името во завршница или пак оптимистичките најави за конкретно поместување се и премногу оптимистички. 

Професорот Љубомир Цуцуловски во емисијата Ѕид вели - Заев вика „Што ви пречи во Илинденска Македонија“, и прашува што нему му пречи во Република Македонија. Филозофот Цуцуловски вели дека заевите советници требало да му кажат дека Грција нема да го прифати овој предлог поради Илинденската карта на Голема Макеоднија и поради паролата на тогашното ВМРО - Македонија на Македонците, што не е борба за социјални права, како што се обиде да ја протне Заев, туку борба за национално ослободување на народот. 

И историчарите не се согласуваат со името Илинденска Македонија. Новица Велјановски за Алфа вели дека и покрај тоа што ваквото име не звучи добро, и од историски аспект не е оправдано. Тврди дека ако помине, а тешко дека така ќе биде, по тоа име нема да бидеме препознатливи никаде. 

Професорката Гордана Силјановска од Правниот факултет во Скопје, вели дека нашата толеранција како да нема праг околу случувањата, и сето ова кој знае како ќе заврши. Во интервју за национална телевизија, Силјановска вели дека името не смее да биде ерга омнес односно за севкупна употреба, бидејќи со тој чин нема да остане ништо од нашиот Устав. Бара и договореното име да биде донесено со консензус  со претседателот и опозицијата, што во овој случај не беше направено.  

Силјановска потсетува дека Македонија не е Елена Тројанска, туку 74-годишна старица која сите тие години носи едно, единствено име.

Борис Грујоски