Македонија

Регионалниот пат ќе развие туризам во Мариово

Од Битола до Мариово, дестинацијата на регионалниот пат е долга 53 км. Оваа најфрекфентна делница во Пелагонија поради транспортните возила за потребите на РЕК ``Битола`` и земјоделската механизација на фармерите во должина од 12 км.

23.05.2018 17:59:00


Од Битола до Мариово, дестинацијата на регионалниот пат е долга 53 км. Оваа најфрекфентна делница во Пелагонија поради транспортните возила за потребите на РЕК ``Битола`` и земјоделската механизација на фармерите во должина од 12 км до најголемиот производител на електрична енергија во Државата, беше целосно руинирана и сега ќе биде реконструирана, за што, инвеститорот – ЈП за државни патишта, ќе вложи еден милион евра. Денеска, репортерската екипа на Алфа ТВ проследи  дел од изведбените работи, кои за новачкиот крај ќе значат многу.

- Со овој потег, мислам дека не само Новаци, туку и вработените во РЕК ``Битола`` и сите останати во тој дел што го користат овој пат, ќе добијат еден соврмен регионален пат како што прилега во 21. век- рече градоначалникот на Општината Новаци Љубе Кузмановски.

Но, од друга страна, овој патен правец се асвалтира и на потегот преку Зовиќ с`е до Старавина во должина од 9 км, а за оваа делница на која веќе се асвалтирани 1,5 км, обезбедени се 400. 000 евра. Овој дел на патот досега не бил асвалтиран и сега ќе ги отвори вратите на недопрената природа.

- Асвалтирањето на регионалниот пат Битола- Новаци- Старавина и Градешница, беше далечен сон на сите Мариовци расселени во Државата и светот. Но, исто така, тоа е голема можност сега за развивање на туристичката понуда, бидејќи овој потенцијал на недопрената природа содржи околу стотина манастири и цркви.

Покрај апликациите за подобри услови во туристичката понуда, новачани очекуваат да проработи и нивната ``француска врска``.

- Пред неколку дена имавме средба со амбасадоро на Република Франција  господинот Тимоние и тие се спремни, во некој дел да помогнат во тамошната инфраструктура- рече Кузмановски.

 Општината Новаци е со само неколку илјади жители во четириесеттина села, но историскиот контекст на Мариовскиот крај е жива историја од времето на Балканските војни и на Првата светска војна, во која, тука се пресекувала линијата на Македонскиот фронт. Како траги од тие премережиња останале безброј ровови, заостанати убиствени средства и бескрсни гробишта на загинатите војници од завојуваните страни на силите на Оската и Антантата.



 Петар Стефановски

 

Mariovo

Од: makedonka

Време: 24.05.2018 08:49:52

Коментар: Voodusevena sum od reportazata. Stokmena e po moja merka i napravena so golemo novinarsko iskrustvo! Pz za ALFA!