Спорт

Велковски и официјално во Ријека

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски денеска беше официјално промовиран во дресот на Ријека.

22.05.2018 17:35:27

"Мојот колега од репрезентацијата Стефан Ристовски ми кажа се најдобро за Ријека, за клубот, за навивачите. Го познавам Леонард Жута со кој заедно играв во репрезентацијата, а тука е и Милан Ристовски. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и ќе освојувам трофеи со Ријека. Верувам дека ќе се вклопам во системот на играта и дека тука многу ќе напредувам", изјави Велковски за клупската веб страница.

Нашиот репрезентативец со Ријека потпиша тригодишен договор со можност соработката да ја продолжи уште една сезона.