Живот и стил

Холанѓаните највисоки мажи во Европа

Инстаграм профилот „Мапас_мундиалес“ објави мапа на Европа што прикажува која нација има највисоки мажи. Според неа, највисоки се Холанѓаните, со просечна височина од 1,84 метри.

10.05.2018 11:08:19

 Инстаграм профилот „Мапас_мундиалес“ објави мапа на Европа што прикажува која нација има највисоки мажи. Според неа, највисоки се Холанѓаните, со просечна височина од 1,84 метри.

Второто место го делат Швеѓаните и Германците, кои се високи во просек 1,81 метар, а потоа следат Финците, Данците и Чесите со 1,8 метри. Норвежаните, Австријците, Словаците и Естонците се наоѓаат од седмото до 10 место, со просечна висина од 1,79 метри.

Турците, Србите и Португалците се на дното на листата, со просечна висина кај мажите од 1,72 и 1,74 метри. Над нив се Италијанците, Русите, Бугарите и Грците, со висина од 1,75 односно 1,76 метри.

3а Македонците, во истражувањето нема податоци.