Спорт

Лекиќ со четврти најубав гол, Пенезиќ четврти стрелец во ЛШ

Во походот кон уште еден настап на Фајнал фор, место меѓу најдобрите имаше за само една ракометарка на нашиот првак.

16.04.2018 19:39:53

Погодокот на Андреа Лекиќ се најде во изборот на најатрактивните погодоци и таа се најде на четвртото место.

На листата на најефикасни во елитното натпреварување и натаму високо котира Андреа Пенезиќ, која со 82 гола е на четвртото место. Лекиќ со 55 погодоци е 16-та додека Драгана Цвијиќ е 18-та со еден гол помалку.

Меѓу педесетте најефикасни се наоѓаат уште Јованка Радичевиќ, Александра Лакрабер и Полина Кузњецова.Лекиќ со четврти најубав гол, Пенезиќ четврти стрелец во ЛШ