Спорт
Женскиот тим на Вардар повторно е дел од европската елита
Женскиот тим на Вардар по петти пат едно по друго ќе биде дел од самата завршница во Лигата на шампионки.
Дамите во "црвено црно" во последниот настап во
елитното натпреварување пред домашната публика успеа да го совлада Митјиланд и
има одлична можност кон средината на мај да се искачи на самиот врв во
европскиот клупски ракомет.
Ова е последна шанса за овој состав на Вардар со оглед на
фактот дека сите ракометарки го напуштаат македонскиот тим да стигне до
шампионската титула и конечно во петтиот обид да стигне до толку посакуваниот
трофеј.
Завршниот турнир се игра на 12 и 13 следниот месец, а покрај
Вардар настап обезбедија Ѓер, Ростов Дон и Букурешт. Ждрепката за полуфиналните
двојки ќе се одржи утре со почеток од 18 часот.