Култура

Пијано маратон на Дуња Иванова на плоштадот „Македонија“

Пијанистката Дуња Иванова денеска на плоштадот „Македонија“ ќе одржи тричасовен концерт насовен „Наминување“.

16.04.2018 10:53:09

Пијанистката Дуња Иванова денеска на плоштадот „Македонија“ ќе одржи тричасовен концерт насовен „Наминување“.

Наспроти конвенционалниот начин на следење солистички концерти за пијано, кои претпоставуваат посебна подготовка, планирање, концертна сала, програма итн., слушатели на овој нестандарден концерт ќе бидат случајни минувачи во понеделник - од пладне во наредните 180 минути.

Идејата за ваква форма на прем на современиот звук за пијано е квалитетната музика да ги пресретне слушателите кога тие се неподготвени за неа.

Пијанистката ќе изведе дела на истакнати современи автори меѓу кои: Глас, Сакамото, Најман, Перт, Еинауди, Прајснер, Ливингстон, Бернштајн, Еванс, како и Битлси, Коен...  

Концертот на Иванова е дел од поддржаните проекти на годинашниот конкурс од областа на културата на Град Скопје.