Македонија

Граѓанската иницијатива за одбрана на името се засилува

После десет протестни собири на плоштадот ``Магнолија``, секоја недела точно на пладне, битолчани организирани преку своите фејсбук- профили, с`е помасовно се собираат и се противат на политичките процеси за промена на името на Државата.

14.04.2018 18:01:43
Граѓанската иницијатива  во Битола за одбрана на уставното име, с`е повеќе се засилува. После десет протестни собири на плоштадот ``Магнолија``, секоја недела точно на пладне, битолчани организирани преку своите фејсбук- профили, с`е помасовно се собираат и се противат на политичките процеси за промена на името на Државата.

- На една таква т.н. распродажба на с`е она што на секој Македонец му значи, многу ми е мило што од ден на ден, с`е повеќе и повеќе луѓе се приклучуваат на иницијативата и преку посета на овие наши собири доаѓаат и бројот од ден на ден е с`е поголем- рече Виктор Јосифовски, претседател на Граѓанската иницијатива од Битола ,за одбрана на името.

Барем засега, иницијаторите не добија  политичка поддршка.

- Плоштадот ``Магнолија`` во Битола, во витинска смисла на зборот се претвора во ``Хајд Парк``. Овој пат, граѓанскиот активизам за одбрана на уставното име, тоа го потврдува и навистина во наредниот период се очекуваат поголеми ефекти, иако барем засега граѓанската иницијатива нема некој поголема поддршка од политичките партии. 

Од Граѓанската иницијатива велат дека главната битка ќе се бие во Парламентот, а за поголема масовност  во граѓанскиот протест, мораат да се вклучат и опозициските партии.

- Ќе биде уште подобро кога некој политички фактор и политичка позадина ќе се даде на оваа иницијатива, бидејќи луѓето очекуваат поголема масовност на сето ова и на сите настани- рече Јосифовски.

И додека партиите прават свои калкулации, поддршката ќе дојде од битолските студенти преку  протестниот собир ``Млади за Македонија``, со кои во понеделеник   граѓаните на Битола, заеднички ќе го бранат уставното име.


Петар Стефановски