Македонија

Заев - за решението за името вреди да се жртвува политичка кариера

За решение за името вреди да се жртвува и политичката кариера, вели премиерот Заев во интервју за МИА. Немало да има дипломатски булдожери за спорот меѓу Македонија и Грција.

07.04.2018 16:47:11
  За решение за името вреди да се жртвува и политичката кариера, вели премиерот Заев во интервју за МИА. Немало да има дипломатски булдожери за спорот меѓу Македонија и Грција иако на неодамнешниот брифинг со новинари, потврдуваше дека можно е да се вклучи и дипломатски тешкаш. Конкретни имиња на евентуалниот „булдожер“ досега не се споменуваа – за сега да излезе дека нема ниту да има посредник- помагател во преговорите. Засега непремостливите разлики и цврсти ставови очигледно се остава Македонија и Грција сами да ги решаваат. 

 По средбата на министерско ниво меѓу Димитров и Коѕијас, премиерот најавува и средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас. 

 Спорот за името влегува во нова неизвесна фаза , Заев како и секогаш оптимист.

 - Кога ќе ја слушнете најавата за средба Заев и Ципрас да знаете дека сме тука со достоинственото решение за државата, вели Заев.

 Во последните изјави пред медиумите премиерот и шефот на грчката дипломатија се најдоа на иста бранова должина – очекуваат позитивен исчекор во преговорите. Оваа недела, поточно на 12 април во Охрид ќе започне третата рунда разговори меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција. 

 Засега детали не се откриваат но доколку се помине во најдобар ред, спорот со името преминува во рацете на премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас. Грчките медиуми веќе наголемо пишуваат како Најблиските соработници на грчкиот премиер Алексис Ципрас размислуваат евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство од 180, место досегашните 151 пратеник, што како предлог веќе се наоѓа на маса.

Лепа Џундева 

 

Официјалната подршка од Срѓан Керим до Игор Јанев

Од: МНР

Време: 07.04.2018 22:36:34

Коментар: Види и официјалната подршка од Срѓан Керим до Игор Јанев и неговиот предлог за решавање на ИМЕТО! Погледни: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1975800035796049&set=a.166712363371501.31741.100000982154518&type=3&theater

ПРЕСЕДАНОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ОД 1948.

Од: Игор Јанев

Време: 07.04.2018 22:08:50

Коментар: Од почеток на проблемот со името во ООН 1993. г., политички тела на ООН не разбрале дека не се само работи за „државно име", туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура. Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОЈИ! Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ! Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава! Би сакал да потсетам дека Нимиц на новинарското прашање „што би се случило ако Македонија прекине преговорите„ јасно даде следниот одговор: „Ништо!". Имено, еден број новинари очекуваше одговор од типот "Ќе ве пријавам на Генералниот секретар, а тој ќе ве пријави на Советот за безбедност на ООН!" Но тој повтори со својот став дека не се работи за "безбедносно прашање", што е впрочем јасно и од Пресудата од Хаг во која се одбиени сите Грчки клевети за иредентизам и македонско мешање во внатрешните работи на Грција. Грците, значи немаат легитимни и правно основани барање, а од тој факт се излекува заклучок: ГРЦИЈА СЕ МЕША ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, А НЕ ОБРАТНО!! ОД ПРЕУДАТА ЈАСНО ПРОИЗЛЕГУВА ДЕКА СИТЕ БАРАЊА ОД РЕЗОЛУЦИЈА 817 НЕ СЕ ПРАВНО ЗАСНОВАНИ, ТУКУ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЛАЖНИТЕ ОБВИНАВАЊА НА ГРЦИЈА! ЗА ФАКТОРИ КАКО С. КЕРИМ ДА ПОЈАСНАМ: ПРИЕМНАТА РЕЗОЛУЦИЈА НЕИКОГАШ НЕ Е БЕЗБЕДНОСНАТА РЕЗОЛУЦИЈА, БИДЕЈКИ ТАА Е САМО ПРЕПОРАКА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, А НЕ ОДЛУКА! ВАКВИТЕ ПРЕОПРАКИ НЕ СЕ ПРЕДМЕТ НА ДЕРОГИРАЊЕ! ПОНАТАМУ, ТРЕБА ДА ПОТСЕТАМ ДЕКА 0Д 1948 Г. , ПРЕСЕДАНОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ЗА ПРАВДА СО ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ ПРИ ПРИЕМОТ ВО ООН, МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ЗА ПРАВДА МОЖЕ ДА ПРОЦЕНУВА ПРИЕМНИТЕ УСЛОВИ, КАКО ОНИ ОД РЕЗОЛУЦИЈАТА 817. ИСТО ТАКА МОЖЕ ДА ПРОЦЕНУВА И БЕЗНЕДНОСНИТЕ АСПЕКТИ ПОВРЗАНИ СО ВАКВИТЕ РЕЗОЛУЦИИ И СО ПРИЕМОТ ВО ООН! Одлуката која треба да се дополни е Рез. 47/225 на Генералното собрание на ОН, со која сме зачленети под БЈРМ, и сега треба да се донесе нова Рез. на Генералното собрание на ОН со која ќе продолжиме членството во ООН како Република Македонија. Ова рез. е обврзувачка за ООН.