Македонија

Зошто Македонија го доби најлошиот предлог во историјата на преговорите за името

Mакедонија го доби најлошиот предлог во историјата на преговорите за името. Kако се случи по 25 години преговори покрај стандардните барања за промена на референцата, географска одредница и ерга омнес да добиеме барање за промена на уставот

24.03.2018 17:42:29
 Mакедонија го доби најлошиот предлог во историјата на преговорите за името. Kако се случи по 25 години преговори покрај стандардните барања за промена на референцата, географска одредница и ерга омнес да добиеме барање за промена на уставот и барање за име кое не може да се преведе е прашање за кое засега никој не нуди одговор. Дека состојбата и покрај оптимизмот на премиерот Заев и министерот Димитров е тешка потврдува и вицепремиерката и министер за одбрана која иако се уште е оптимист признава дека сепак е можно да нема решение. Радмила Шеќеринска во интервју за емисијата „360 степени“ вели дека Македонија без разлика на решението требала на светот да му покаже дека била крајно конструктивна во процесот на барање на решение.

Еден од одговорите на прашањето зошто Македонија деновиве се соочува со најрадикални барања  за името е дека Грција како искусен дипломатски трговец ја користи македонската позиција според која ние прерано се откажавме од сите црвени линии. Втората можност е поврзана со внатрешната состојба кај јужниот сосед. Сценариото дека Сириза на Ципрас која во анкетите заостанува зад Неа Демократија за 9 проценти ќе се обиде да го искористи македонското прашање за намалување на разликата е реално. Затоа е логично грчките власти сега да поставуваат крајно радикални барања кои што мораат да бидат одбиени затоа што се косат со сите меѓународни стандарди. Практично Македонија по последната осуммесечна кампања за искажување на конструктивност е ставена во ситуација да бира од две понудени зла. Или да прифати понижување или да го запре влезот во НАТО и ЕУ на неодредено време.  

Горан Момироски
 

ТВ Србија

Од: РТС Белград

Време: 26.03.2018 00:11:49

Коментар: Види: https://www.youtube.com/watch?v=9wj38t_BwIo

ВНИМАНИЕ!!

Од: Игор Јанев

Време: 25.03.2018 14:21:52

Коментар: При приемот на наша земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН. Овие услови се: 1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава. Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ. Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата. По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “). Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија). Да потсетам, државите, според мегународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според мегународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотугиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретацијата на историиските факти и движења. Државното име, како такво, не влиае на историската интерпретација. Грчкото обвинение, дека името е поврзано со иредентизмот и територијалните аспирации, исто така е неосновано според мегународното право. Во мегународнто право познато е дека менувањето на државните имиња не влиае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави. Оттаму и ова обвинение на Грција за загрозувањето на некое нивно право или за територијално загрозување нема никаква правна основа. Промена на државното име, како и други државни симболи кои се во строгата внатрешна надлежност секоја држава, според мегународното право, неможе да биде толкувано како иредентизам или територијани аспирации.