Црна хроника

Санкции за 21 возач за брзо возење, 12 сообраќајки вчера во Скопје

Единаесет лица се полесно повредени во шест од 12 евидентирани сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

20.03.2018 16:02:11

Единаесет лица се полесно повредени во шест од 12 евидентирани сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

Сообраќајната полиција презела санкции кон 21 возач за пречекорување на дозволената брзина, 11 се исклучени од сообраќај по разни основи, а за истечена сообраќајна дозвола и техничка неисправност од сообраќај се отстранети седум возила.  Издадени се и мерки за непрописно паркирани 106 возила, а пајакот кренал 72 возила.

Санкционирани биле и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло и по еден за недавање првенство за минување на пешаци и за неправилно престројување. 

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров, со ученици од второ и четврто одделение, во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.