Македонија

Масовни протести во Дебарца доколку не се стопира проектот за изградба на гегионална депонија

Жителите на општина Дебрца се подготвуваат за масовни протести, тие јасно порачуваат дека најдоцна за десетина дена со сите сретства ќе се спротивстават, превземајќи дури и радикални мерки.

17.03.2018 17:38:10
Жителите на општина Дебрца се подготвуваат за масовни протести, тие јасно порачуваат дека најдоцна за десетина дена со сите сретства ќе се спротивстават, превземајќи дури и радикални мерки доколку не се стопира реализацијата на проектот за изградба на регионала депонија во село Годивје. Поддршка имаат и од градоначалникот на општината Зоран Ногачески, кој отворено кажа дека Советот на Општина Дебрца нема да ја изгласа одлуката за пренесување на ингеренциите на централната васт која заговара управувањето со отпадот да го земе во свои раце. 

Ова е тест за градските татковци од југозападниот плански регион, каде се кршат копја околу изградба на регионална депонија. По Мерко и охридскиот градоначалник Стојаноски кажа дека за скоро време гратските советници ќе донесат одлука, со која на Владата ќе и дадат зелено светло да одлучува за изградба на современи региононални депонии. 

- Заради слабиот прогрес на сите општини кои што го сочинуваат југозапдниот плански регион најверојатно ќе бидат пренесени ингеренциите кон централната власт. Прво сакаме да раговараме во рамкиите на центарот сите 9 градоначалници и после да донесеме една зедничка одлука, бидејќи таква и мора да биде донесена, сепак станува збор за регионална депонија која што ќе биде за цел југозападен плански регион - Изјава Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид.

- Стојаноски не смее да прејудицира, ова ќе го прифатам само како негов личен став-вели градоначалникот на Дебрца.Без согласност на сите општини, депонија нема да се гради - уверен е Ногачески.

- Според сегашната регулатива Вие добро знаете дека за да се воспостави интегриран систем за управување со отпад на ниво на југозападен плански регион треба да се склучи спогодба помеѓу сите општини, значи Советите на општните сите 9 треба да донесат одлука, а тој процес сеуште не е завршен на ниво на југозападен плански регион - Изјава Зоран Ногачески-градоначалник на општина Дебрца.

 Ногачески тврди дека на средбата со премиерот, на која беа присутни и неговите колеги од сите општини во државава, му предочил дека нема да дозволат депонијата да се гради во Годивје, на што Заев останал глув.
Од Центарот за развој на југозападен плански регион кажаа дека изградбата на регионална депонија за овој регион чини 39.7 милиони евра, пари кои што општините сами треба да ги обезбедат ако времено не и ги отстапат ингеренциите на државата. Ногачески нема ништо против реализација на проектот, но на друга локација, не во село Годивје. 



 Росица Голабоска