Спорт

Првични контакти на Реал и Левандовски

Роберт Левандовски би можел во летниот преоден рок да се пресели на Сантијаго Бернабе откако неговиот агент веќе контактирал со Реал Мадрид за евентуален трансфер.

24.02.2018 18:25:59
Полскиот репрезентативец минатата недела го промени агентот и неговите интереси сега ги застапува Пини Захави, кој го пресели Нејмар во Пари Сен Жермен и кој не губеше време во обидот да го продаде и Левандовски.
Реал е заинтересиран за услугите на напаѓачот и е подготвен за него да издвои 150 милиони евра.