Македонија

„Александар Велики“ замина од аеродромот - отстранети таблите

Почна отстранувањето на натписите од Меѓународниот аеродром Скопје како што е новото официјално име на овој значаен инфраструктурен објект.

24.02.2018 17:53:36
 Почна отстранувањето на натписите од Меѓународниот аеродром Скопје како што е новото официјално име на овој значаен инфраструктурен објект. Александар Велики ќе биде тргнат од терминалната зграда, но и од сите табли, патокази, информативни пунктови, брошури.

Од ТАВ Македонија за Алфа само кусо одговорија дека почнале со спроведување на одлуката на Владата. 

- „Знакот со името на терминалната зграда се отстранува, додека процеси за промена на името исто така, согласно инструкциите на Владата, се спроведуваат, и за сите предмети и содржини на аеродромот“ велат од ТАВ.

Концесионерот не коментира колку ќе чини целиот процес. Само велат дека новиот натпис е веќе нарачан, но ќе помине извесно време додека биде изработен и монтиран. Во меѓувреме зградата ќе остане без испишано име.

Дополнително, ќе треба да се сменат и сите патокази и сообраќајни знаци и во Скопје кои упатуваат кон аеродромот а на кои пишува „Александар Велики“. Градот се уште не го започнал овој процес.

Пред неколку дена почна отстранувањето и на таблите со името на автопатот Александар Велики долж што исто така со владината одука беше преименуван во ново име - Пријателство.

19 табли долж коридорот 10 ќе бидат урнати, целиот процес кој ќе чини околу 80 илјади евра го изведува „Македонија пат“.

Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.

Најголем дел од експертите предупредија дека со ова Македонија направи отстапки без конкретни гаранции дека ќе добие нешто сериозно за возврат, дека со ова се нарушува преговарачката позиција на земјава.

Македонија се откажа од имињата на аеродромот и на автопатот а за возврат доби поддршка од Грција за членство во јадранско- јонската иницијатива која во суштина не е ништо повеќе од платформа за соработка во областа на екологијата.
 

"Aleksandar Makedonski" zamina od Aerodromot-

Од: Hristo Neshkovski

Време: 25.02.2018 08:42:25

Коментар: Zar ne znaesh shto pravish antimakedonecu,ili te platele ili nemash um kako dete malo???Zamisli samo kolku se zaginati za taa Republika Makedonija i antickite Makedonci!!???Blagodaram.