Свет

Во Источна Гута за една недела убиени повеќе од 500 цивили

Повеќе од 500 цивили се убиени во седумдневното бомбардирање на сирискиот бунтовнички бастион Источна Гута во близина на Дамаск, соопшти сирискиот центар за набљудување на човековите права.

24.02.2018 14:42:20

 Повеќе од 500 цивили се убиени во седумдневното бомбардирање на сирискиот бунтовнички бастион Источна Гута во близина на Дамаск, соопшти сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Невладината мониторинг организација, чие седиште е во Велика Британија и има широка мрежа на информатори во Сирија, соопшти дека меѓу 505-те загинати, 123 се деца.

Бројот на жртвите е зголемен, откако се откриени тала под урнатините од бомбардирањата кои се уште траат.

Денеска се убиени 29 цивили, од кои 17 во Дума, голем град во Источна Гута.

Сириските владини сили започнаа масовно бомбардирање на последната бунтовничка енклава во близина на Дамаск, како подготовка за копнена офанзива за нејзино преземање.

Источна Гута, каде живеат околу 400.000 луѓе, е под опсада од 2013 година.