Економија

Еуростат: Бугарија со најниска минимална плата во ЕУ, Луксембург со највисока

Најниска минимална плата од 261 евро во јануари годинава во Европската унија има Бугарија, по што следуваат Литванија од 400 евра и Романија 408 евра, објави денеска Еуростат.

23.02.2018 19:47:17

Најниска минимална плата од 261 евро во јануари годинава во Европската унија има Бугарија, по што следуваат Литванија од 400 евра и Романија 408 евра, објави денеска Еуростат.

Генерално, минималната плата е помалку од 500 евра во земјите од источниот дел на ЕУ и над 1.000 евра во земјите од северозападниот дел на Унијата.

Предводи Луксембург со 1.999 евра месечно, Ирска со 1.614 евра, Холандија со 1.578 евра, Белгија со 1.563 евра и Германија и Франција со 1.498 евра.

Земјите на ЕУ без минимална плата се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.

Евростат посочува дека најголемата минимална плата на ЕУ е речиси осум пати поголема од најмалата. 

 

Eurostat

Од: bile

Време: 23.02.2018 21:20:32

Коментар: Vo statijava treba da dodadete deka podatocite se za Bruto iznos !!!