Црна хроника

Старецот во Штип е жртва на сопствениот син

Шеесет и двегодишниот штипјанец што вчера беше пронајден во својата куќа е убиен, потврди денес штипската полиција.

22.02.2018 14:57:17
 Шеесет и двегодишниот штипјанец што вчера беше пронајден во својата куќа  е убиен, потврди денес штипската полиција. Бруталното убиство на спиење го извршил неговиот 29 годишен син на кој му помогнал  неговиот 24 годишен пријател. 

На убиството му претходела семејна расправија, чиј мотив како што тврдат соседите била штотуку приманата социјална помош. На спиење, двајцата почнале крвнички да го тепаат, а ударите кои биле фатални по животот на Трајко, со нож во пределот на главата му ги нанел неговиот син, коj иако се движи во инвалидска количка, не е целосно неподвижен. 

Судија на претходна постапка денес и на двајцата им изрече мерка притвор во рок од 30дена.
За само една недела ова е второ брутално убиство во источниот дел на државата. Минатиот четврток во Кочани сопруг со чекан си ја уби сопругата, а потоа се самоуби скокајќи од кровот на семејната куќа.


Александра Ристевска
 

Од: Starec

Време: 22.02.2018 16:22:15

Коментар: Od koga e starec, covek na 62 god?