Живот и стил

Со „кинескиот сон“ клонирањето луѓе стана реалност

По Ху Ху и Ха Ха, пристигнува Мен Мен. Пред неполн месец Кинезите за првпат клонираа два мајмуни, а сега треба да пристигне и третиот, објави „Gbtimes“.

13.02.2018 14:46:56

 По Ху Ху и Ха Ха, пристигнува Мен Мен. Пред неполн месец Кинезите за првпат клонираа два мајмуни, а сега треба да пристигне и третиот, објави „Gbtimes“.

- Наскоро и третиот мајмун од видот макаки со долги опашки, ќе биде меѓу нас, изјави кинескиот заменик-министер за наука и технологија, Хуан Веи.

- Наскоро и третиот мајмун од видот макаки со долги опашки, ќе биде меѓу нас, изјави кинескиот заменик-министер за наука и технологија, Хуан Веи.

Мајмунката ќе се вика Мен Мен, што на кинески јазик значи „сон”. Кога ќе ги споиме имињата на сите три мајмуни, се формира фразата „Кинески сон”.

Кинезите кон крајот на минатиот месец објавија дека успешно се клонирани две идентични макаки со долги опашки, Ху Ху и Ха Ха, од возрасни соматски клетки. Научниците користеле сличен метод на оној што со чија помош била клонирана овцата Доли во 1996 година. 

Ху Ху и нејзината сестра Ха ха, се родени во Шангајскиот институт за биолошки науки (СИБС) на Кинеската академија на науките, во ноември и декември 2017 година, а истите се првите примати од редот на цицачи што ги вклучува мајмуните, човеколиките мајмуни и луѓето – да бидат клонирани од не-ембрионска клетка.
Заменик-министерот за наука и технологија, посочи дека овие клонирани макаки можат да ги забрзаат медицинските истражувања за Алцхајмеровата болест, аутизмот, имунолошките недостатоци и тумори, како и нарушувањата во метаболизмот.

Научниците од Институтот за Невронаука при Кинеската академија на науките во Шангај, исто така, сметаат дека нивната работа треба да биде бенефит за медицинските истражувања со можноста за проучување на болестите во популации на генетски унифицирани мајмуни. Но, сепак се отвора можност за клонирање и на човекот.

-Луѓето се примати. Техничката бариера за клонирање на приматите, вклучувајќи го и човекот, е скршена, изјави Маминг Пу, кој помагал во надгледувањето на програмата во институтот.

Тој додава дека идејата не е овој метод да се примени на луѓе, туку, целта е да се создадат животински модели што се корисни за медицината, за здравјето на луѓето.

Кина е пионер во истражувањата за болестите и науката за мозокот, земајќи ги клонираните макаки како животински модели.

Од клонирањето на Доли, родена во Шкотска во 1996 година, научниците успешно го користеле СЦНТ за клонирање на повеќе од 20 други видови, вклучувајќи крави, свињи, кучиња, зајци, стаорци и глувци.

Истата метода применувана кај приматите, се досега, била неуспешна.