Македонија

Виена: индикативна и итна средба на Димитров и Коѕијас за името!

Владата ненајавено ги забрза преговорите за името. Средбата Коѕијас - Димитров, првично најавена за 15-ти и 16-ти февруари, наеднаш сер оддржува вечерва и тоа во Виена, не во Софија.

12.02.2018 20:55:05
Владата ненајавено ги забрза преговорите за името. Средбата Коѕијас  - Димитров, првично најавена за 15-ти и 16-ти февруари, наеднаш се оддржува вечерва и тоа во Виена, не во Софија.
Индикативно, македонското МНР соопштението за средбата го пушти вечерва, малку пред таа да се оддржи. Во штурото соопштение се вели: 

„Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, вечерва, во Виена, ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.Утре (вторник, 13 февруари 2018 г.), двајцата министри ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.“ 

И толку. Без никакво објаснување на што се должи ова ненајавено забрзување на преговорите. Повеќе една недела, најавата на министерството беше дека Димитров и Коѕијас ќе се сретнат на 15-ти и 16-ти февруари, на наводно неутрален терен во Софија. 

Денеска попладне, сите (особено новинарите) беа изненадени и затекнати од најавата на македонското МНР, која пристигна на само неколку часа пред  средба на двајцата министери за надворешни. Нема објаснување на што се должи и промената на локацијата, која во првичната најава на МНР беше Софија и како таа стана Виена. Утре следува и заедничка средба на Димитров и Коѕијас со медијаторот Нимиц, која исто така е „забрзана“ и за која нема точен термин каде во Виена и во колку часот ќе се оддржи.  

Кои се мотивите за тајновитоста и таканареченото вклучување „турбо“ со вакви избрзани и ненајавени средби во преговори за името, во недостиг на официјални информации останува само да се претпостави. 
 

igorjanev@mts.rs

Од: Igor Janev

Време: 13.02.2018 02:21:18

Коментар: Mojata metoda podrazbira procedura za prodlzhuvanje vo OON chlenstboto pod ustavnoto ime vo ON odnosno : 1. raskin na pregovorite vodeni od Nimic; 2 .Nimic, potoa, za kraj ili prekin izvestuva Generalen Sekretar na ON (Gensek) za kraj ili traen prekid na pregovorite, kako trajno opredelnie na Makedonija; 3. Generalen Sekretar i Grcija, potoa, izvestuvaat Sovetot za Bezbednost (SB), i baraat (itna) sednica na Sovetot za Bezbednost na ON, bidejki drzhavata veke nema namera da pregovara za imeto; 4. na sednicata na SB se donesuva SB Rezolucija ili samo Pretsedatelsko sooposhtnie na Pretsedavash na SB kade se povikuvaat i devete strani da nastavaat da pregovaraat; 5. Makedonija, potoa, podnesuva Baranje za Dneven red za Generalnoto sobranie (GSON) do Generalniot komitet na Generalnoto sobranie na ON ( t.e. predlog tochka za Dneven red na sednicata na Generalnoto sobranie na ON); 6. predlogot , potoa, po glasanjeto vo Generalniot komitet pominuva i se stava na glasanje na Generalnoto sobranie na ON (UNGA/GSON); 7. se glasa za prodolzhenie ON chlenstvoto pod ustavnoto ime RM; 8. koga ke se izglasa prodolzhenie ON chlenstvoto pod Republika Makedonija vo GS na ON, zavrshuva cela rabota, i nemame veke problem so OON i so Grcija vo OON odnosno problem so imeto e reshen.