Спорт

Фуркад го одбрани златото од Сочи

Откако остана без трофеј во спринтот, Французинот, Франсоа Фуркад беше најбрз во биатлонската трка на 12,5 километри.

12.02.2018 17:22:31

Фуркад на целта пристигна со време од 32 минути, 51 секунда и седум десетинки и го освои третото  злато или вкупно петтиот олимписки трофеј во кариерата.

Со сребрениот медал се закити Швеѓанецот Себастијан Самуелсон додека трет беше Бенедикт Дол од Германија.

Победникот во спринтот Арнд Пајфер денешната трка ја заврши на осмата позиција.