Свет

САД се подготвени на нова акција во Сирија, доколку е неопходно

Еден од претставниците рече дека меѓународната заедница доколку не реагира брзо и изврши притисок врз Асад, тогаш сириското хемиско оружје би можело да се прошири и надвор од Сирија, па дури и до САД.

01.02.2018 21:26:00

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена повторно да започне воена акција против силите на Владата на Сирија доколку тоа е неопходно за одвраќање од употреба на хемиско оружје и ако се смета дека тие развиваат нови методи за испорака на тоа оружје, соопштија денеска официјални американски претставници.

- Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад продолжија повремено да користат хемиско оружје во помали количини, по смртоносниот напад во април, кој ги поттикна САД да лансираат ракети на сириската воздушна база, соопштија претставниците на редовна прес-конференција.

Еден од претставниците рече дека меѓународната заедница доколку не реагира брзо и изврши притисок врз Асад, тогаш сириското хемиско оружје би можело да се прошири и надвор од Сирија, па дури и до САД.

 - Тоа ќе се прошири доколку нешто не сториме, предупреди тој. 

 

IRAKIZAM

Од: POLAKANDUS

Време: 02.02.2018 05:01:13

Коментар: USA-poleka bre -prvo treba da pronaidete so vasha ko isija (i megunarodna) so snimki pa soRusija utvrdeno Filmski-dokazano posle toa zaednichki-so dogovor.! Nemoi da napravite kako vo IRAK-za nishto poginaa pola milion ljuge.?

NEZNAM SHTO CHEKATE

Од: RUSOFILL

Време: 02.02.2018 04:52:26

Коментар: Dobro bre RUSI-svetot misli oti i Vie imate zbor i Zabi;;Ne da Ve obikoluvaat tuku i ke Vi vlezat vo drzavata..! Vidite Dvolichni Turcite shto pravaat-Sve e toa Ameri plan..?

ISTA PESNA-NOV GLAS

Од: ISTOCHNJAK

Време: 02.02.2018 04:46:07

Коментар: Ovie se si takvi-i nikoi ne mozit da gi smenit..?? Samo si navagjaat trachki-kako i kade da napravaat guruntija so ogon.. Istata rabota kako vo IRAK..!!