Црна хроника

Мајка и син изгореа во пожар

Подмолен пожар целосно ја пеплоса двособната куќа на семејството Ангелови во која животот го загубија педесети три годишната Фатма и нејзиниот син Дарко, на седуманесетгодишна возраст.

29.01.2018 14:47:06
Крајно драматично и траурно беше утрово во три часот после полноќ во битолската периферија на улица ``Девејани`` бр. 115. Подмолен пожар целосно ја пеплоса двособната куќа на семејството Ангелови во која животот го загубија педесети три годишната Фатма и нејзиниот син Дарко, на седумнесетгодишна возраст. Главата на фамилијата Томе кој работи како таксист, само чудо го спасило, бидејќи во критичниот момент бил  во полскиот клозет во дворот и кога излегол се нашол во шок, кога видел пламени јазици на кровот. Иако напомош ги викнал  комшиите, кровната конструкција за час се срушила, а огнената стихија била фатална за мајката и синот.

- Веднаш се упати екипа од пет пожарникари и две возила и во најкратко време стигнаа до местото на пожарот  но тој беше во развиена фаза и кровната кострукција беше падната во самиот објект. Објектот беше со мали димензии и со мала конструкција, а причината за смертта на двете лица што загинаа во овој пожар, мајката и синот, е тоа што изгореа во огнот- рече Коста Поповски, командир на Противпоажрната служба во Битола.

Сите претпоставки, барем засега, упатуваат на лошата електрична инсталација како можен предизвикувач на пожарот и затоа битолските пожарникари апелираат на вечер додека се спие, грејните тела и шпорињата да бидат изгаснети.

- Користам прилика во оваа непријатна ситуација да упатам апел до сите граѓани на Општина Битола кои што се затоплуваат на било кој начин, со електрична инсталација или со други средства, да внимаваат во ноќниот период и да не и да не ги оставаат зашто дефинитивно, иако истрагата ќе си го каже своето, но по мои размислувања, веројатно, е елчектричната инсталација- рече Поповски.

Инаку, Томе Ангелов кој помина со помали изгорениици, но под силе шок, утрово беше хоспитализиран во Клиничката болница во Битола, а потоа  пуштен. Тој остана без покрив на главата и покуќнина и ги изгуби своите најблиски- сопругата и синот. Во Битола, точно пред една година едно девојче настрада од пожар и шест месеци по несреќата, почина од тешки изгореници. 2017 година во Битола ќе биде запаметена по 360 поситни пожари, во просек по еден на ден, главно од неисчистени оџаци и неисправна електрична инсталација.


Петар Стефановски
 

tragedija

Од: ristosija

Време: 29.01.2018 19:15:36

Коментар: Zalno i tragicno, za cas da se unisti edno semejno gnezdo. Treba da se resi problemot so odzacite i losata instalacija i potrebno e sistemsko rsenie.