Сцена

Стивен Спилберг снима нов филм

Трикратниот „оскаровец“, режисерот Стивен Спилберг одамна планираше да сними римејк на оскаровскиот мјузикл „Приказна од западната страна", па сега и официјално го објави повикот за аудиции за главните улоги.

29.01.2018 11:22:09

Спилберг првпат во својата кариера снима мјузикл, а станува збор за преработка на едно од најпопознатите дела од овој жанр, кое доби и „Оскар“ за најдобар филм во 1961 година.

Тони Кушнер веќе работи на сценариото. Тој веќе, соработуваше со Спилберг на филмовите „Минхен" и „Линколн". Двете сценарија му донесоа на сценаристот номинации за „Оскар“.

Оригиналот се смета за класика и едно од најдобрите остварувања на режисерското дуо Роберт Вајз - Џером Робинс.