Македонија

Во Македонија с`е уште владее стигма кон бегалците

Во двата бегалски кампа во Табановце и Гевгелија, бројките постојано се менуваат, но сега не се толку големи.

27.01.2018 18:05:20
 Мигрантите и бегалците треба да се доближат до локалното население за да се покрене јавната свест дека овие луѓе постојат во Македонија и дека не се опасност, дека се работи за обични луѓе кои се ранлива категорија и кои транзитираат низ нашата држава, за што, потребна им е нашата помош од било кој аспект. Ова беше речено на денешната средба на граѓаните во Битола и Прилеп со мигрантите , насловена ``На кафе со мигрантите``, преку караванот на младите правници ``Ла Страда`` и  УСАИД, кои претходно обиколија дванаесет градови. Меѓутоа, предрасудите кон бегалците и мигрантите се уште се големи.

- Очигледно е дека кај нас има голема стигма, ксенофобија и дискриминација кон бегалците, па поради тоа се и овој вид на настани каде што луѓето ќе можат директно да се запознаат  со нив, да се покрене јавната свест дека дека бегалците не се тие што ќе нија окупираат државата- рече Александар Митановски, социјален работник во бегалскиот камп на Табановце.

Во двата бегалски кампа во Табановце и Гевгелија, бројките постојано се менуваат, но сега не се толку големи.

- Во моментов, во транзитниот центар во Табановце, имаме бројка од 23 мигранти додека во транзитниот центар во Гевгелија имае бројка некаде до 20. Бројката се менува  цело време бидејќи овие лица се движат низ територијата на република Македонија- рече Назиф Авди, координатор на проектот.

На денешното кафе со бегалците, битолчани се интересираа колкава е и каква е примената на Законот за азил и привремена заштита, беа посочени искуствата од граничниот премин на Меџитлија, а  присутните мигранти цело време се криеја од објективот на камерата.


Петар Стефановски