Македонија

Тројца потпретседатели, нов состав на ИК- ВМРО- ДПМНЕ кадровски се освежи

ВМРО ДПМНЕ доби нов состав на Извршниот комитет, тројца потпретседатели и нов Генерален секретар.

12.01.2018 21:13:24
ВМРО ДПМНЕ доби нов состав на Извршниот комитет, тројца потпретседатели и нов Генерален секретар. 

Централниот комитет на партијата на вечерашната седница го изгласа новото кадровско освежување на партијата. 

Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски се избрани за потпретседатели на партијата. Игор Јанушев е нов генерален сектретар Членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети- Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани и Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека новиот список со имиња е спој на млади и искусни партиски кадри. 

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски  изјави дека преку внатрешното реконструирање, промена на Статутот и формирање две нови тела – Совет на претседателот и Совет на Извршниот комитет, ВМРО ДПМНЕ ќе се модернизира и ќе понуди нов квалитет и нова надеж на политичката сцена во Македонија.