Свет

Меркел и Шулц оптимисти дека ќе постигнат договор за коалиција

Германските политичари направија чекор напред во разговорите околу формирање на нова коалициска влада.

12.01.2018 13:51:46
Германските политичари направија чекор напред во разговорите околу формирање на нова коалициска влада. Планот за формални преговори беше договорен меѓу канцеларката Ангела Меркел и нивните поранешни коалициски партнери, Социјалдемократитe. Тие планираат да ги ограничат пристигнувањата на азиланти на околу 200.000 годишно. 

Планот, исто така, предвидува и ограничување од влез на 1.000 мигранти месечно на кои ќе им биде дозволено да се приклучат на своите семејства кои веќе живеат во Германија.  Меркел и лидерот на СПД, Мартин Шулц, на прес-конференцијата изјавија дека се оптимисти дека може да се формира нова “голема коалиција”.