Македонија

„Гардијан“ во 2001-та: Македонска Дрисла добила „донација“ инсинератор за токсичен отпад забранет во ЕУ!

Македонија ја труе „подарокот“ кој и бил доделен од страна на Велика Британија, тврди реномираниот весник The Guardian.

09.01.2018 19:40:12
 Македонија ја труе „подарокот“ кој и бил доделен од страна на Велика Британија, тврди реномираниот весник The Guardian.

Пред повеќе од 16 години, реномираниот весник The Guardian пласираше текст со предупредувачко-алармантен наслов „Велика Британија со токсичен подарок за Балканот“. Според овој напис кој The Guardian го објави во 2001 година, инсинераторот што како подарок бил доделен на Македонија од страна на британската влада за горење медицински отпад, ги прекршува стандардите на Европската Унија и би бил нелегален во Британија. 

Инсинераторот што се користи во склоп на депонијата „Дрисла“ е донација од британската влада, потврдија од Министерството за животна средина и Градот Скопје, пренесува „Макфакс“. -Доколку земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева, инсинераторот би морал да се затвори бидејќи е опасност за мештаните и ги прекршува стандардите на ЕУ. 

Инсинераторот е еден од неколкуте обезбедени за Балканот од страна на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниеден не ги задоволува стандардите на ЕУ“, пишува The Guardian. -Адам Островски, експерт за управување со токсичен отпад ангажиран за Базелската конвенција, кој ја регулира меѓународната трговија со опасен отпад и потпишан од Велика Британија, вели „дека тоа е едно од најлошите парчиња нечист технолошки дампинг за кој е сведок во Источна Европа“. Островски вели дека основната опрема е функционална, но недостига важен прилог за одржување на рамномерни температури или есенцијална опрема за чистење на отпадните гасови и за отстранување на токсините кои можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

На јутуб постои видео „Скопје загадување 2017“ каде одвај се гледа градот. Екстремно високо загадување покажуваат мерните станици и денеска и тоа  не само во Скопје туку и другите градови. Сликата на улиците е повторно иста, граѓаните се шетаат со маски на лицето, а болниците и натаму се полнат, на удар се хронично болните и дечињата. 



Бисера Ловачева
 

Од: Жарко

Време: 09.01.2018 21:00:26

Коментар: Инспекциите бркаат вештерки,а Дрисла им е под носот.Зошто Лисиче мерната станица покажува вајвисоки вредности?-најблиску е.

DOLGO VREME

Од: KUMOT

Време: 09.01.2018 20:29:24

Коментар: Se mislam -nekolku godini za ovaa ime;;DRISLA-pak imam drugari vo Avstralija -Chisti Makedonci= dushata mija izedoa za toa ne smasno ime DRISLA..?? Pak ne Interesira koj e toj Nesmasen shto go klade toa ime..?? Izvinete ama toi tie toi...???