Македонија

Учениците чекаат расчистување во образованието

Двете најголеми политички партии во земјава и во 2017 година се препукуваа колку екстерното тестирање ќе донесе квалитет во образованието. Дека тестирањето ќе им овозможи на учениците да добуваат реални оценки сметаа од ВМРО-ДПМНЕ. На укинувањет

08.01.2018 17:51:05
Двете најголеми политички партии во земјава и во 2017 година се препукуваа колку екстерното тестирање ќе донесе квалитет во образованието. Дека тестирањето ќе им овозможи на учениците  да добуваат реални оценки  сметаа од ВМРО-ДПМНЕ. На укинувањето гледаа популистичко додворување на дел од родителите и учениците и нивна злоупотреба заради политички поени.

Ставот на СДСМ беше -тестирањето не може да се даде реална слика за знаењето на ученикот, а наставниците ќе се ослободат од беспредметната обврска. Најголем ќар од сево ова извлекоа учениците. Четири дена пред закажаниот термин за тестирање, екстерното беше укинато. Собранието ги усвои  предлог- измените на законите за основно и средно образование и за наставници, по предлозите кои ги достави новата Влада. 

Mинистерка Дескоска најави дека ќе ја анализираат правната рамка, да го спречат отпочнувањето на Кембриџ програмата во средните училишта. Спиро Ристовски  пак, од ВМРО-ДПМНЕ рече се надева дека министерката подобро ќе се исконсултира со сите нејзини советници. 

Во јавноста ќе бидат запаметени слабите резултати кои учениците ги постигнаа на меѓународните тестирања. Како она ПИСА кое се одржа 2015 година, од 70 земји во светот, само 1% од 15 годишните ученици од Македонија имаа одлични постигнувања на најмалку еден предмет, дури 52,2 % имаа лоши постигнувања кај трите предмети. Податоците на граѓанската организација „Finance think“, од истражувањето „Петки во дневник - Единици на ПИСА”  спроведено поради слабите оценки на тестирањето на ПИСА покажале и дека учениците сакаат учебници кои се напишани на разбирлив и јасен јазик, а битно е и начинот на кој наставникот го користи ученикот. 

Основците од второ и трето одделение знаат да читаат, но од тоа речиси и ништо не разбираат, покажува Студијата за јазична и математичка писменост на децата, проект на УСАИД.

Измени на наставните планови и програми  во првите три одделенија од основното образование, ќе се применуваат од следната учебна година најавија од образование. Плановите се да биде намален бројот на предмети, бидејќи како што рекоа учениците, учат многу предмети, а нивните знаења се слаби. Да бидат вработени лични асистенти  за  потребите на лицата со попреченост но и наставен кадар.

Буџетот за образование за 2018 година  предложено е да изнесува над 406 милиони евра, што е за 5 проценти повеќе во однос на измината година. Околу 45 %  предвидени се за потребите на основното образование, 19% средното и 26 % за високото образование. Помалку пари ќе се потрошат за изградба на спортски сали во основните и во средните училишта, за превод на книги од реномирани автори, а повеќе за ученички стандард.

Вероника Мароска Леова