Македонија

Синодот треба правилно да ги постави нашите посебнотсти

Отпрвин не ја знаевме содржината на писмото што беше упатено до Бугарската православна црква и тоа за мене лично е голема енигма, кој првично го составил писмото, според она што го слушнавме во медиумите.

25.12.2017 17:55:00
Отпрвин не ја знаевме содржината на писмото што беше упатено до Бугарската православна црква и тоа за мене лично е голема енигма, кој првично го составил писмото, според она што  го слушнавме во медиумите. 


Но, после почетните недоразбирања и еуфоријата во Бугарија со поставување позиција на мајка- црква и негирањето на тоа или неприфаќањето кај нас, сега на секого е право да размисли кој е или кој не е во право. Тие работи со БПЦ горе долу ги расчистивме, а на утрешната седница на САС правилно ќе ги поставиме работите во врска со нашата посебност- рече денеска владиката Петар.

- Ние на средбата што ја имавме со членовите на комисијата на БПЦ за разговори со нашата комисија, разјаснивме извесни работи и во иднина не смее да биде. Особено тоа ќе се случи утре на синодската седница за ние правилно да ги поставиме работите во врска со посебноста или нашите посебности- дека ние сме пособен народ ние македонскиот народ, дека сме посебна црква МПЦ, дека сме посебна држава Македонија како Република и дека сме слични и блиски, но тоа не значи дека сме исти- рече на денешниот прес владиката Петар.


Битолскиот митрополит , денеска во Соборниот храм ``Свети Великомаченик Димитриј`` во Битола, чиноначалствуваше на утринската богослужба по повод верскиот празник Свети Спиридон Чудотворец, заштитник на еснафот и занаетчиите. Тој порача до државните институции и општините, да им помогнат на еснафот на занаетчиите, за да се сочува нивната традиција со ракотворбите кои имаат повеќевековен белег и се одраз на народниот бит, достојни да не презентираат во светот.




Петар Стефановски