Македонија

Мицкоски кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се кандидира за претседател на партијата. Тој на својот ФБ профил напиша дека со чиста мисла, со голема верба, и со отворено срце ќе ја прифати одговорноста

21.12.2017 17:20:27
 Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се кандидира за претседател на партијата. Тој на својот ФБ профил напиша дека со чиста мисла, со голема верба и со отворено срце ќе ја прифати одговорноста да поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се избере на 16тиот конгрес во Валандово. 

„Јас цврсто верувам дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор кој ги има одговорите кои Македонија ќе ја направат просперитетна, напредна, угледна“, напиша меѓу другото генералниот секретар на партијата.