Спорт

Шведска нов предизвик за кошаркарките

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска отпатува за Сондертаље каде утре против селекцијата на Шведска ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европскиот шампионат.

14.11.2017 20:17:28
Нашите кошаркарки во првиот дуел одигран во саботата во Скопје доживеаа пораз во мечот со Италија, но подмладениот состав предводен од селекторот Марјан Лазовски пружи силен отпор на фаворизираниот противник и се очекува нашите кошаркарки повторно да одиграат еден квалитетен натпревар. 

Швеѓанките во првиот меч на гостувањето во Хрватска славеа со 57:54. Натпреварот утре против Швеѓанките почнува во 18 часот и 30 минути.  Во вториот дуел се среќаваат селекциите на Италија и Хрватска.