Спорт

Раул Гонзалес: Задоволен сум од подготовките, ракометарите беа на високо ниво

Стручниот штаб на нашата репрезентација на чело со селекторот Раул Гонзалес во текот на ЕХФ неделата реши да не играме контролни мечеви и се реши за варијантата сите ракометари заедно да тренираат во Скопје.

29.10.2017 12:39:24
Иако имаше проблеми со повреди на дел од повиканите ракометари сепак во изминативе шест дена во салата на СРЦ Кале напорно се работеше и се воигруваа варијанти за одбраната и нападот што ќе се користат на претстојното Европско првенство во Хрватска.

"Жал ми е што не бевме некомплетни. Лазаров, Кузмановски и Талевски не можеа да тренираат со полн интензитет, а Јоновски поради повреда воопшто не допатува во Скопје и не можевме да ги одработиме овие подготовки како што беше планирано. Сепак јас сум задоволен од овие подготовки бидејќи на располагање ги имав поголемиот дел од играчите на кои ќе сметам", истакна селекторот Гонзалес.























За предводникот на националниот тим најважно е што ракометарите на секој тренинг работеа на највисоко ниво и дека во пресрет на завршните подготовки за Европскиот шампионат нема да има проблеми со составувањето на тимот.

"На овие мини подготовки се посветивме на тактички варијанти во одбраната и нападот. За мене најважно е дека и покрај сите проблеми најголемиот дел од екипата беше тука. Мораме да работиме тимски да функционираме како екипа зошто кога станува збор за репрезентација немаш многу време за тренинзи и затоа сметав дека ова е одлична можност сите да бидеме заедно. Задоволен сум од овие подготовки и верувам дека на почетокот од тренинзите пред стартот на првенството ќе бидеме комплетни ", заврши селекторот на нашата репрезентација.