Спорт

Фудбалските надежи му гостуваат на Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево од 17 часот на стадионот во Фаро ќе се соочи со репрезентацијата на Гибралтар.

10.10.2017 15:16:15
По поразот во претходниот настап против селекцијата на Србија нашата млада репрезентација денеска е фаворит во соочувањето со Гибралтар.

Во досегашниот тек од квалификациите Гибралтар одигра пет средби во кои забележа исто толку порази и нема постигнато ниту еден погодок додека на спротивната страна голманите 14 пати ја вадеа топката од сопствената мрежа.
Нашата репрезентација ќе го одигра третиот натпревар, а во пресрет на овој дуел влегува со учинок од една победа и еден пораз.

Селекторот Благоја Милевски на овој меч нема да може да смета на Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев кои вчера беа дел од А репрезентацијата како и на стоперот Чешмеџиев кој на мечот со Србија заработи црвен картон.

Иако најави дека нема да повикува нови фудбалери сепак селекторот Милевски за дуелот со Гибралтар се реши да го повика играчот на Вардар Бесир Исени.

Натпреварот во Фаро почнува во 17 часот.