Спорт

Младата репрезентација утре му гостува на Гибралтар

Нашата фудбалска репрезентација утре во Фаро против Гибралтар ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

09.10.2017 13:31:49

По поразот на домашен терен од Србија утрешниот натпревар е одлична шанса македонските фудбалски надежи да освојат нови бодови и да се вратат во трката за едно од првите две места во групата.

"Иако сме фаворити на хартија, сепак не смееме со потценување на противникот да му пристапиме на утрешниот натпревар… Нема лесен противник во денешно време. Затоа мора да дадеме максимум како и за секој друг натпревар доколку сакаме да дојдеме до посакуваните три бода. Ова е исклучително важен натпревар за нас, затоа што мора да демонстрираме надмоќ и квалитет, а триумфот сите го очекуваат", изјави пред заминувањето за Фаро, селекторот Благоја Милевски.

Натпреварот во Фаро почнува во 17 часот, а во нашата група утре се играат и натпреварите Ерменија - Австрија и Србија - Русија.