Македонија

ЕВН: Од утре ќе се усогласуваат броилата за евтина струја

Претседателот на управниот одбор на ЕВН вели дека се потребни нови инвестиции во енергетскиот сектор и сугерира,да се бараат нови модели на обновливи извори.

24.09.2017 17:58:32
 ЕВН ги направи техничките подготвки за воведување на дневната ефтина тарифа на струја која за 800.000 домаќинства ќе се спроведува во текот на месец октомври, но тоа не е гаранција и дека нема да дојде до поскапување на електичната енергија.

- За оваа година може да се очекува намалување на цената на електричната енергија,долгорочно тоа зависи од глобалниот пазар на електрична енергија не зависи само од нас и мора да се одлучува година по година. -Изјава Штефан Петер:Претсед. на У.О на ЕВН Македонија.

Претседателот на управниот одбор на ЕВН вели дека се потребни нови инвестиции во енергетскиот сектор и сугерира,да се бараат нови модели на обновливи извори.

-Треба да се искористи се што е економски исплатливо, велат експертите,потенцирајќи дека и во иднина Македонија ќе мора да се потпрпе на увозот на струја.

- Имаме малку вода, односно малку неискористени потенцијали за жал ефтините потенцијали односно оние потенцијали за кои малку треба инвестиција се веќе изградени, остануваат скапите хидроцентрали.Имаме сонце, меѓутоа сеуште електричната енергија произведена од сонце не е баш конкуретна за овие пазари,за онаа финансиска или економска моќ на нашите потрошувачи пред се мислам на домаќинставата.-Изјава Рубин Талевски-претсед.на Мако Сигре.

 -Македонија мора да го зголеми сопственото произвотство на енергија и тука ќе разговараме со голем дел од чинителите и нашите компании но и компаниите од странство со цел значително да работиме на зголемување на домашното произвотство и намалување на увозот.-Изјава Дамјан Манчевски-мин за инф.општество.

Во моментот се врши ремонт на блоковите во РЕК Битила што ќе потрае и идниот месец,а хидроелектраните Глобочица и Шпиље работат минимално во однос на другите хидроенергетски капацитети,заради нивото на Охридското езеро-вели првиот човек на ЕЛЕМ. 

- Во моментов максимум даваме од нашите напори за да успееме да го одржиме нивото на Охридско езеро на оптимално ниво , да не дозволиме да има ниски коти на охридското езеро.-Изјава Драган Миновски-Ген,дир на ЕЛЕМ.

Од ЕЛЕМ велат дека Македонија и Албанија работат на ревидирање на котата на Охридското езеро,но какви ќе бидат новите договори услови, рано е да се каже.Уверуваат дека ќе го одржуваат оптимално ниво на акумулациите потребно за работа на елекроенергетскиот систем.


Росица Голабоска